Вести НБА
Објавено на 30/08/2017 | КОШАРКА, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ

Аргентинскиот ветеран Ману Џинобили потпиша нов двегодишен договор со тимот на Сан Антонио Спарс од НБА. Зделката е во вкупна вредност од 5 милиони долари, а 40-годишниот Џинобили ќе стане само осмиот играч во историјата на Лигата, кој играл за еден тим во целата кариера и има поминато барем 16 години во него. Џинобили се приклучи на елитната компанија на долгогодишните соиграчи во Сан Антони Тим Данкан и Тони Паркер, Коби Брајант (ЛА Лејкерс), Дирк Новицки (Далас Маверикс), Џон Стоктон (Јута Џез), Реџи Милер (Индијана Пејсерс) и Џон Хавличек (Бостон Селтикс). Минатата сезона Џинобили учествуваше во 69 натпревари за Сан Антонио, како во нив постигна во просек по 7,5 поени.

Суданскиот бек Питер Џок потпиша делумно обезбеден договор со тимот на Феникс Санс. 23-годишниот африканец дипломирал на колеџот во Ајова, каде што играл помеѓу 2013 и 2017 година, а потоа не бил избран во НБА драфтот. Сепак, тој беше дел од Њу Орлеанс Пеликанас за Летната лига, каде што даваше во просек за еден натпревар 9,0 поени. Џок е роднина на покојниот Манут Бол, а Луол Денг е роднина на неговата мајка. Како дете тој живеел во Уганда и Кенија, откако неговиот татко бил убиен за време на Втората граѓанска војна во неговата татковина. Во 2003 година, тој емигрирал во Соединетите Американски Држави без да знае збор на англиски јазик, а во 2013 година бил избран за Мистер Кошарка во Ајова. Во неговата последна сезона на колеџот, кошаркарот од 198 см забележа 19,9 поени, 5,5 скока, 2,6 асистенции и 1,1 украдена топка.

 

Тагови