Вести НБА
Објавено на 04/08/2017 | КОШАРКА, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ

Кристапс Порзингис продолжува да е оптимист за иднината во Њујорк. Летонецот е меѓу имињата кои често беа споменува за трансфер далеку од Големото јаболко, но тој се надева дека ќе ја помине целата кариера во “Медисон Сквер Гарден”.

“Досега работите не беа лесни, но патувањето допрва почнува. Се надевам дека ќе играм во Њујорк целиот живот. Да освојувам натпревари и да се забавувам, да направам нешто големо. Ова е мојот дом во моментов”, рече Порзингис кој ова лето ќе дебитира за машкиот национален тим на својата земја Латвија.

Џеролд Хендерсон нема тим во моментов, а последните информации се многу веројатно да ја пропушти целата сезона 2017/2018. Причина за тоа е операцијата на која ќе се подложи поради проблеми со колкот, со кои игра во последните шест години. 29-годишниот играч излезе со порака во темата, во која вели дека интерес за него имало од неколку различни тима од Лигата, но болката почнала да остава траен впечаток на секојдневниот живот и тој сака да го реши овој проблем што е можно поскоро. Хендерсон беше избран од Шарлот Бобкетс под број 12 во Драфтот во 2009 година и ги помина првите шест сезони од својата кариера токму во Северна Каролина, потоа премина за една сезона во Портланд и стигна до Филаделфија, каде помина минатата година. За вкупно 535 натпревари од регуларната сезона тој постигнува 11,2 поени, 3,2 скока и 1,9 асистенции. Најсилната година е во 2012/2013 кога во 68 натпревари за Шарлот постигнува 15,5 поени.

Барселона е на прагот на финализирањето на својот следен трансфер ова лето, кој овој пат ќе биде од НБА. Каталонците се на пат да го привлечат Кевин Серафин, кој беше блиску до потпис со клубот и минатото лето, но тогаш успеа да си најде тим во најсилното првенство во светот. Францускиот кошаркар ќе пристигне во каталонската престолнина денеска, за да ги помине медицинските прегледи, а потоа да стави потпис под договор со времетраење од две години. Серафин беше ослободен од Индијана по претходно оваа недела, откако минатата сезона одигра 49 натпревари за Пејсерс, а во 3 од нив беше во стартната петорка. 208-сантиметри високиот репрезентативец на Франција е подеднакво ефикасен и како центар, и како крило, но во поголемиот дел од својата кариера во Лигата беше користен на првата позиција. Серафин, кој е роден во Француска Гвајана, стигнуваше по 4.7 поени, 2.9 скока и 0.5 асистенции за тимот од Индијанаполис минатата сезона. Пред тоа има уште шест сезони во најдобрите со екипите на Вашингтон (5) и Њујорк (1). Презентацијата во 423 натпревари во НБА е следна – 5.9 поени, 3.5 скока, 0.6 асистенции и 0.7 блокади.

 

Тагови