Вести НБА
Објавено на 22/08/2017 | КОШАРКА, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ

Далас потпиша договор за една година со Џеф Витти. За последен пат центарот од 213 сантиметри играше за Јута и за Њу Орлеанс. 27-годишниот американец беше избран под број 39 во Драфтот во 2013 година од Портланд, откако пред тоа помина полни четири години во Канзас колеџот. Витти ќе даде уште длабочина на составот на Мавс кои потпишаа и нов договор со Дирк Новицки ова лето, а освен тоа го избраа во Драфтот Денис Смит Џуниор.

Доналд Слоун се враќа во НБА по една година во Кина. 29-годишниот бек потпиша за една сезона со Вашингтон. Тимот ќе биде шестиот тим на Слоун во најсилната лига во светот, откако играше за Атланта, Њу Орлеанс, Кливленд, Индијана и Бруклин. Неговата најсилна година беше со тимот на Нетс, а во сезоната 2015/2016 тој постигна 7,0 поени, 4,4 асистенции и 2,8 скока во вкупно 61 натпревар. За последно 191 см високиот кошаркар беше играч на Гуангдонг Јужните тигри.

Тагови