Ветеран од Луксембург триумфираше во Ден Бош
Објавено на 18/06/2017 | МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, ОСТАНАТО, ТЕНИС

Жил Милер победи на турнирот по тенис на трева во Ден Бош (Холандија) со награден фонд од 660 илјади евра, oткако во финалето претставникот на Луксембург, победи со 7:6 (5), 7:6 (4) против хрватот Иво Карловиќ за 92 минути на теренот.

За 34-годишниот Милер, титулата е втора сезонава и вкупно втора во неговата кариера. Првиот шампионски трофеј за искусниот ветеран беше освоен во Сиднеј-Австралија. Во минатата година Жил Милер играше финале во Ден Бош, каде загуби против французинот Никола Мае.

Тагови