Во Хрватска по потешкиот пат
Објавено на 15/06/2017 | РАКОМЕТ

Победа над Украина и местото на Европскиот шампионат во Хрватска ќе беше осигуран. Сепак, нашите најдобри ракометари одигрувајќи нерешено 27-27 пласманот на ЕП ќе мора да го изборат против незгодната Чешка во последното квалификационо коло.

На самиот почеток домаќините имаа водство од 3-0, но нашите ракометари со серија од 4-0 дојдоа до водство. Се до последната третина од првиот дел се играше гол за гол кога нашите ракометари со серија од 6-0 поведоа 16-12, за на крајот да се замине на пауза со 18-14 во корист на Македонија. Сепак оваа предност од четири голови на крајот не успеавме да ја задржиме и истата ја прокоцкавме. Треба да се напомене дека меч топката ја имаше Манасков кој во самиот финиш не успеа да го совлада Чуприна.

Најдобар стрелец на натпреварот беше нашиот капитен Лазаров кој постигна 8 голови пред украинецот Садови со 7 голови додека Чуприна брилијаше на голот на Украина со 12 интервенции.

Решавачкиот натпреваро со Чешка го играме во недела на домашен терен.

Тагови