Време е за историја, време е за победа над Германија
Објавено на 17/01/2018 | РАКОМЕТ

И да сакавме подобар старт неможевме да имаме. Две победи од исто толку одиграни натпревари. Ваков скор нашите ракометари досега немале во групната фаза од европските првенства, а најдобриот досегашен резултат вели дека нашите ракометари немаат освоено повеќе од три поени во групната фаза од европските првенства. Сепак сега, по само две одиграни кола имаат освоено четири од четири. Сепак подвигот за да биде комплетен потребно е вечерва да падне Германија која под првите две кола има скор од една победа (над Црна Гора) и еден нерешен (против Словенија).

Победа над Германија е најдобар исход од вечерашниот натпревар, а ниту нерешен нема да дојде лошо. Сепак и за двата исходи букмејкерите даваат далеку подредена улога на нашите ракометари. Во насока на тоа оди и фактот што Македонија на големите натпреварувања нема ниту една победа над Германија. На досегашните одиграни четири натпревари Македонија има исто толку порази, последниот на СП во 2013 кога загубивме со 28-23.

Како и да е, вечерва очекуваме нашите најдобри ракометари да ни приредат уште едно задоволство, уште една победа, а за таа цел потребно е во 18:15 сите да дадеме безрезервна подршка на нашите репрезентативци кои во досегашниот дел од европското покажаа и докажаа како се игра за националниот дрес.

Тагови