Вториот најскап трансфер е најдобриот млад фудбалер во светот

Напаѓачот на ПСЖ Килијан Мбапе ја доби наградата “Голден Бој” за најдобар фудбалер на Европа до 21 година.

Анкетата се организира од италијанскиот весник “Тутоспорт” и во неа учествуваат новинари од водечки европски медиуми. Мбапе ги претекне во анкетата напаѓачот на Барселона Усман Дембеле и напаѓачот на Манчестер Сити Габриел Жезус.

Минатата сезона Мбапе играше за Монако, како во 44 натпревари постигна 26 гола во сите натпреварувања и помогна на тимот да ја освои титулата во Франција и да стигне до полуфиналето во Лигата на шампиони.

Во текот на летото напаѓачот премина во Пари Сен Жермен за сума од 165 милиони евра. Минатата година наградата “Голден Бој” ја освои полудефанзивецот на Баерн Минхен Ренато Санчез, кој сега игра на изнајмување во Свонси.

Тагови