Вуко Борозан по стапките на Душебаев и Циндриќ, се сели во Кјелце!?
Објавено на 17/04/2018 | Slider, РАКОМЕТ

Вуко Борозан се поизвесно е дека ќе се приклучи на големиот број ракометари кои го напуштаат “црвено-црното” семејство и си заминуваат во нова средина. Тој по стапките на своите соиграчи Алекс Душебаев и Лука Циндриќ, го договори својот трансфер за преселба во полскиот шампион Виве Кјелце.

Полскиот гигант кој редовно „пазари“ од Вардар, по трансферите на Алекс Душебаев и на Лука Циндриќ, сега погледите ги насочи кон Вуко Борозан, со кого разговорите се наоѓаат во завршна фаза. Со овој трансфер, Кјелце одново ќе ја обнови соработката помеѓу ова фантастично бековско трио, со надеж дека повторно ќе стигне до шампионската титула во Лигата на шампионите.

Како што пренесуваат полските медиуми, овој трансфер се очекува да се реализира во 2020 година, откако Борозан ги прифатил условите за преселба во Кјелце по истекот на актуелниот договор со Вардар. Сепак, не се исклучува можноста полскиот тим да преговара со Вардар, да плати извесна отштета и десноракиот „бомбардер“ и порано од предвиденото да пристигне во тимот на Талант Душебаев.

Според овие информации, најверојатно Борозан и следната сезона ќе ја мине во црвено-црниот дрес, но потоа би можел да си замине во Полска, како замена за Јурецки кој веќе објави дека во јуни 2019 година го напушта Кјелце и ќе се пресели во Фленсбург.

Тагови