За прв пат во историјата релито Дакар само во една држава
Објавено на 20/05/2018 | АВТО МОТО

Најпопуларното рели Дакар следната година ќе се вози само во една држава и тоа Перу. Иако пред неколку недели се појави информација дека релито Дакар следната година ќе се вози во 4-5 земји од Јужна Америка (Аргентина, Перу, Чиле, Еквадор, Боливија и Парагвај) сепак на крај не се успеа да се постигне краен договор.

“Релито ќе се одржи од 6. до 17. јануари 2019 година во перу. На распоред ќе бидат десет етапи, а стартот и целта ќе бидат во Лима” изјави директорот на релито Етин Лавињ.

Ова е за прв пат во историјата релито Дакар да се вози само во една држава, а незаинтересираноста на јужноамериканските држави може да придонесе релито повторно да се врати во Африка каде интерес за организација покажуваат Ангола, Намибија и Алжир.

Тагови