Зарко на чекор до KTM
Објавено на 29/04/2018 | АВТО МОТО

MotoGP возачот, Жоан Зарко е пред заминување од Yamaha и потпис за KTM. Оваа вест ја пренесе еминентниот британски магазин “Autosport” кој наведува дека интерес за неговите услуги има и од Honda и Suzuki.

Шпекулациите говорат дека Зарко веќе ги договорил личните услови и дека веќе има потпишано преддоговор со Suzuki, а според истиот французинот ќе вози за нив до 2020 година.

Се очекува во наредните два до три месеци и официјално да биде потврдена оваа шпекулација со што Зарко во Suzuki би му се придружил на Алекс Ринс кој со сигурност би останал и следната сезона.

Тагови