Здрахала најдобар стрелец, Лазаров втор асистент, Ристовски меѓу најслабите
Објавено на 18/01/2018 | РАКОМЕТ

По првата фаза на Европското ракометно првенство во Хрватскта, статистиката вели дека убедливо најдобар стрелец е Ондреј Здрахала од Чешка со 25 постигнати погодоци. Најдобар македонски стрелец е Манасков со 17 погодоци, а потоа следи Лазаров со гол помалку. Капитенот воедно е и најдобар асистент во нашите редови и втор на првенството со 14 асистенции зад Сагосен со 22.

Во поглед на голманите, најдобар голман е данецот Крејберг со 45% успешност, Митревски со процент на одбрани од 39% се наоѓа на третата позиција додека на претпоследната позиција се наоѓа Борко Ристовски со процент на одбрани од 28% односно има 21 одбрана на 74 удари на противниците.

 

Тагови