Ждрепката за квалификациите за Еуро 2020 на 2-ри декември 2018 во Даблин

Ждрепката за квалификациите за Европското фудбалско првенство во 2020 година ќе биде извлечено во Даблин, Ирска, одлучи УЕФА.

Ждрепката е закажана за 2 декември 2018 година, а 55 екипи од Европа, вклучувајќи ја и Македонија, ќе ги добијат своите ривали за квалификациите.

Квалификациониот формат е 10 групи, со 20 екипи што ќе се квалификуваат за шампионатот, а по две селекции од најдобрите групи ќе играат на завршницата и ќе заземат 20 од 24-те места.

Останатите ќе им припаднат на репрезентациите кои ќе бидат победници на четирите „лиги“ во новата УЕФА Лига на Нации, во која учествува и Македонија, која е дел од „Д“ дивизијата.

За прв пат, Еуро 2020 ќе се одржи во 13 градови низ Европа.

Македонија според рангот ќе биде во претпоследниот шешир, а квалификациите за ЕП ќе почнат во март, 2018 и ќе траат до ноември, 2019 година.

Даблин ќе биде еден од градовите-домаќини на ЕП, во кој ќе се играат мечеви од групната фаза и еден од осминафиналето. Останатите градови-домаќини на ЕП 2020 се: Амстердам, Баку, Билбао, Брисел, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Глазгов, Лондон, Минхен, Рим и Санкт Петерсбург.

Тагови