Златко Мојсоски е нов играч на РК Прилеп
Објавено на 13/09/2014 | РАКОМЕТ

Десното крило на македонската ракометна репрезентација и довчерашен играч на Металург, Златко Мојсоски од денеска и официјално е нов член на ракометниот клуб Прилеп.

Со своето богато ракометно искуство Мојсоски дополнително го зголемува квалитетот во екипата а управата прави напори , тимот достојно да влезе во натпреварите од машката ракометна суперлига.

Мојсоски потпиша едногодишен договор и на денешната пресконференција не го криеше задоволството од неговиот ангажман во ракометниот клуб Прилеп.

Триесет и три годишниот македонски репрезентативец е шестото засилување за прилепскиот суперлигаш во пресрет на сезоната во машката ракометна суперлига. Претходно ангажирани се Божиноски , Угреновиќ,Талески , Цветкоски и Когој.

Тагови