Знаете ли зошто Манчестер Јунајтед не го купи Иско во 2013 година

Пред неколку дена Манчестер Јунајтед загуби со 1:2 од Реал Мадрид во дуелот за Суперкупот на Европа во нашиот главен град Скопје, а несомнено најдобриот фудбалер во составот на шпанскиот тим беше Иско.

Да потсетиме дека во 2013 година токму овој фудбалер беше меѓу зацртаните трансфер цели на клубот. На крајот на 27-годишниот престој на Сер Алекс Фергусон на менаџерскиот пост, Иско е следен внимателно од скаутите на 20-кратниот шампион на Англија. Сепак, тие одлучија да го прекинат следењето поради исклучителна причина. Тоа е, поради големата глава на играчот од средниот ред.

Во извештајот што го опишува профилот на играчот, беше запишано: “Тој е добар, но не премногу брз, а главата му е премногу голема за неговото тело.”

Значи, наместо да направи трансфер во Манчестер Јунајтед, летото 2013, Иско помина во Реал Мадрид. “кралевите” платија 30 милиони евра на Малага.

Неколку недели подоцна, “Црвените Ѓаволи” дадоа околу 35 милиони евра за да го привлечат Маруан Фелаини од Евертон.

Тагови