Затекнати од немилите настани кои се случија на дербито и изреволтирани поради изнесените невистини должни сме да го истакнеме ова соопштение со цел да ја запознаеме целата Македонска јавност со вистината околу настаните за време на и по натпреварот Пелистер– Вардар одигран на 03.08.2014.
Имено со радост ја дочекавме новата сезона, а посебен предизвик за нас беше што првото коло ќе се игра токму против вечниот ривал Пелистер на само ден по најголемиот национален празник Илинден. Понесени од големиот празник во позитивна, пријателски настроена и патриотска смисла тргнавме кон Битола, без желба за било какви инциденти со кои би покажале непочитување кон нашите предци. Истото се докажа и покажа за време на целиот натпревар, кога немаше ниту еден инцидент или провокација на трибините и се мина во најдобар ред. Инцидентот започна поради банална причина, а заврши со фатални последици…
Поради лошата организација во спроведување на автобусите и недоволното обезбедување на влезот на стадионот Тумбе Кафе како и имањето на само еден влез на стадионот на натпреварот влеговме со 45 минутно задоцнување, односно точно на полувремето. Желни за добар фудбал и победа на нашиот тим бевме решени до крај да останеме со нашите миленици и победнички да ја стартуваме сезоната.
Сепак полициска пракса е во изминативе години нас навивачите на Вардар да не отстрануваат од натпреварот во последните 15тина минути пред крајот. Како што секој фудбалски фан е запознаен токму истите може да се покажат како најбитни и решавачки за целиот наптревар, Комити уредно имаа обезбедено карти за овој натпревар и немавме намера да по поминати 170километри да гледаме само 30минути фудбал и да си заминеме.
За истото беше известена Скопската полиција во текот на второто полувреме од каде и наидовме на разбирање. Нажалост тоа не беше прифатено од нивните колеги од Битола, кои сосема непотребно во 90тата минута почнаа насилно да ги туркаат нашите членови што создаде сосема непотребна и дотогаш непристуна тензија и напнатост.
Во целата турканица од страна на полицијата беше фрлена бомба, при што еден наш истакнат постар член ја зема истата со цел да ја отстрани и да ги заштити помладите Комити, но нажалост бомбата експлодираше во неговата рака. Билансот беше 7мина Комити со лесни повреди и Турчин со тешка телесна повреда. Останува нејасно со каква цел полицијата користи бомба со таква разорна моќ која испушта шрапнели (повредени 7други комити кои биле во близина) во ваква ситуација?
Мвр во текот на денешниот ден излезе со видео снимка од целата ситуација, снимка која наводно го поткрепува нивното тврдење дека бомбата била одземена од навивачот и “самоубиствено” активирана.
Од истото видео
Може да се забележи дека на 0.06 Турчин се губи од кадар, во моментот кога се наведнува за да ја земе бомбата од земја и истата да ја отстрани. Исто така на видеото се гледа дека ја држи бомбата во десната рака, а левата рака е всушност повредена. Исто така се запрашување зашто видеото е монтирано односно доработувано и кратено?
Вистината може да го потврдат и 100тина сведоци кои беа во целата мешаница и со свои очи го видоа настанот. Како против материјал го доставуваме и ова видео од друг кадар каде точно се гледа дали бомбата е одземена или не..
Како малтретирањето и повредите да не се доволни, па од МВР најавија дека ќе биде поднесена и кривична пријава против оштетените. Од јавноста исто така вешто се крие дека во текот на вчерашниот ден еден наш член е задржан во притвор без никакви докази и основ и врз него е вршен константен притисок да соработува и да даде исказ спротивно на тоа што самиот го видел односно на вистината!
Додатно во оваа прилика сакаме да ги запрашаме органите на редот дали се најпрво запознаени дека никаде во светот навивачите не се отстрануваат пред крај на натпреварот и не се “чисти трибината” туку по крајот на истиот домашните навивачи се задржуваат на својата трибина додека гостинските не заминат?? Дали со останувањето на Комити уште 3минути за да се догледа судиското продолжение можеше да се стори волкава штета како во овој случај? Дали залудно беа вежбите со кои се фалеше министерството изминативе месеци? Ние се запрашуваме која странска единица ги тренирала на вакви постапки, бидејќи ова е невидено во целиот свет.
За овој случај ќе поднесеме кривични пријави против организаторот и надлежните од МВР а ќе бараме и одговорност од министертката Јанкуловска. Досега многупати бевме малтретирани физички и психички и никогаш не превземавме никаков чекор со цел да не ја оцрнуваме нашата Татковина во медиумите. По овој настан кој ги премина сите можни граници ние сме во контакт со целиот навивачки свет и со нашата збратимена група во Германија преку кои ќе се обидеме да ја запознаеме целата светска јавност за полициската бруталност во Македонија!
Апелираме до сите морални и праведни луѓе да застанат на наша страна и да не подржат во нашата борба, нашата цел не е политичка и нема заднински идеал, за нас победа е превземање на одговорност од страна на надлежните во МВР и менување на критериумите на однесување на полициските службеници во иднина.
Во ова соопштение би сакале да изразиме и голема благодарност до навивачката група Чкембари кои ни беа од голема поддршка и покажаа како се почитува сограѓанин, пријател, Македонец, брат… ЧКЕМБАРИ НЕ ЗАБОРАВАМЕ, БЛАГОДАРНОСТ ОД СЕ СРЦЕ!
КОМИТИ УТРЕ 05.08.2014 ВО 18.00 ЧАСОТ НА ФОНТАНА ЌЕ ОДРЖАТ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОЈА СЕ ПОКАНЕТИ СИТЕ МЕДИУМИ!!
СЛОБОДА ЗА НАВИВАЧИТЕ!
Напишете коментар