Агентот на Бејл: „Дозволете да игра како што сака и ќе биде на ниво на Кристијано Роналдо“

Џонатан Барнет, агентот на играчот на Реал Мадрид, Герет Бејл, изјави дека Велшанецот сака да остане во “кралскиот клуб” до крајот на кариерата.

Бејл е мета на критика од страна на шпанските медиуми, навивачите на клубот, па дури и некои играчи, поради неговата неуспешна преселба во “кралскиот клуб” и поради тоа што не научил шпански.

“Бејл сака да игра до крајот на неговата кариера во Реал. Ќе разговараме со Зинедин Зидан на крајот од сезоната”, рече Барнет.

Барнет објасни зошто имало несогласувања меѓу Бејл и Зидан за време на првиот мандат на Францускиот стратег на “Сантијаго Бернабеу”.

“Бајл сакаше да игра на еден начин, а Зидан на друг, тоа беше причината за несогласувањето, а со текот на времето стануваше уште полошо. Ако му дозволите да игра како што сака, да одигра неколку целосни натпревари по ред, може да биде на ниво на Кристијано Роналдо “. Бејл има неверојатен талент, тој е многу силна личност и тој не се грижи за тоа што пишуваат весниците”, изјави Барнет.

Tags