АНГЕЛОВ ГО ПРОДОЛЖИ ДОГОВОРОТ СО РК ВАРДАР

Голманот Петар Ангелов, го продолжи договорот за соработка со екипата на Вардар за уште две сезони, со што тој во екипата треба да остане до јуни 2017 година.

Управата на Вардар задоволна од настапите и формата на Ангелов му понудија нов договор, што на заедничко задоволство беше прифатен, и „црвено-црното“ ракометно семејство во своите редови ќе го има актуелниот репрезентативец на Македонија. (rkvardar.com.mk)

Ангелов дојде во Вардар лани, и беше дел од големите клупски успеси, освојувањето на СЕХА лигата, Купот на Македонија и четвртфиналето на Лигата на шампионите. Сезонава, Вардар веќе обезбеди пласман меѓу најдобрите 16 екипи во ЛШ, а Ангелов беше дел од голманското трио што бранеше на натпреварите.

„Среќни сме што во екипата имаме професионалец како Ангелов, кој со своето залагање и однесување на тренинзите и натпреварите претставува вистински пример, и идол на идните генерации. Неговото останување во Вардар ја потврдува амбицијата на клубот да ги задржи сите квалитетни играчи кои можат да придонесат кон остварување на зацртаните цели“, изјави Давор Стојаноски, директорот на РК Вардар.


Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *