Атлетико и Тотенхем ја следат ситуацијата на Кутроне и се спремни да го потпишат „детето“ на Милан

Тотенхем, наводно, засилено го следат играчот на Милан, Патрик Кутроне.

21-годишниот е на излезни врати веќе неколку недели, по заминувањето на Гонзало Игуаин и доаѓањето на неговата замена, Кшиштоф Пиатек.

Според Калчомеркато, Спарс се меѓу бројните клубови кои го следат Италијанецот, заедно со Атлетико Мадрид и Борусија Дортмунд.

Неговиот договор се уште има долг период, истекува во 2023 година, но екипата од Серија А, наводно, ќе ги разгледаат понудите од 25 милиони и повеќе за играчот.

Досега, се е во најдобар ред со Миалн. Но, ако Кутроне не е задоволен да седи на клупата на неговиот клуб за којшто игра од мали нозе, нема да го направи тоа за еден Тотенхем со оглед на тоа дека Хари Кејн е речиси незаменлив за Спарс.

Tags