ВИДЕО: Барселона на крилата на Меси рутинирано се пласира во 1/4 финалето од ЛШ

Екипата на Барселона, со висока победа од 5-1 успеа да го совлада Лион и да се пласира во 1/4 финалето од Лигата на Шампионите. Најпрво Меси во 19 минута со прекрасна паненка од пенал донесе водство за Барселона. Само 13 минути потоа, Суарез одлично ја прими топката на работа на шеснаесетникот, се ослободи од својот чувар, а откако изби очи в очи со Лопез, само ја додаде топката до Кутињо, кој само ја втурна во празната мрежа.

Во второто полувреме по еден корнер за гостите од Франција, во целата мешаница Тоусарат се снајде најдобро и ја намали негативата на 2-1, со што донесе неизвесност во самиот финиш од натпреварот. По постигнатиот гол, Лион одигра одлични минути, но во 78 минута од натпреварот, Меси повлече од центарот, успеа да ги измами двата дефанзивци на Лион, а потоа рутинирано да донеси сигурно водство во самата завршница од натпреварот од 3-1. До крајот на натпреварот, најпрво по одлична асистенција на Меси, Пике во стил на голгетер успеа да зголеми на 4-1, а точка на натпреварот и високи 5-1 за Барселона ги постави Осман Дембеле во 86 минута од натпреварот.

Tags