Барселона постави нов рекорд во Лигата на шампионите

14/03/2019 » Slider, ФУДБАЛ

Играчите на Барселона со убедлива победа против Лион 5: 1 го обезбедија четврт-финалето и поставија нов рекорд во Лигата на шампионите.

Каталонците во последните 30 натпревари на Камп Ноу се без пораз, а против францускиот тим ја постигнаа 27 победа со само три нерешени мечеви.

Неверојатно е што Барселона беше сопственик на претходниот рекорд во периодот од 1998 до 2002 година.

Тимот на Ернесто Валверде е 13-ти пат по ред во четврт-финалето на Лигата на шампионите, и за ова време три пати го освоија трофејот.

Ждрепката за четврт-финалето е во Нион, а меѓу првите осум се четирите англиски тимови (за првпат по сезоната 2008/09), Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Тотенхем, Јувентус, Порто и Ајакс.

Tags