Дејан Пешевски за Тип: Бреша потврди. Кажа да. Останувам во оваа екипа. Според проценките во среда би требало да добијам пасош. И тогаш ќе потпишам за оваа екипа. Денеска настапив за првиот тим. Славеме победа од 2-0 во средбата со Примавера. На мојот прв натревар за Бреша имав две асистенции. Во петок сабота и недела ќе тренирам индивидуално по два тренинга. Понеделник и се приклучувам на екипата. Доколку ги добијам потребните документи, ќе осатнам без никави дилеми. Во спротивно ќе бараме алтернативно решение со договор од лето да се приклучам на екипата. Верувам дека админстративната пречка ќе биде нaдмината и дека среда ќе потпишам офцијално“. -на голема радост на сите ни пренесе младинскиот репрезентативец.
Поранешниот фудбалер на словачките екипи Спартак Тарнава и Ружомберок, Дејан Пешевски успешно ја помина пробата во италијанскиот второлигаш Брeша. 20 годишниот македонски младински репрезентативец на првиот натревар за неговиот нов тим имаше две асистенции. Како што дознаваме Бреша повеќе од еден месец се обидуваше и сега успеа да го ангажира исклучително талентираниот млад фудбалер. Се надеваме дека Пешевски до среда ќе добие пасош од Европска Унија и успешно ќе биде надминат овој проблем од админстративен карактер со што уште еден наш фудбалер ќе заигра во Италија.
Напишете коментар