Кавадаречкиот кошаркарски клуб на Фени Индустри за новата натпреварувачка сезона се засили со 34. годишниот играч Дарко Радуловиќ (192 см., бек, 1980 год.).
Претходно играше за КК Куманово 2009 во Македонската Прва Лига, во 15. натпревари имаше учинок од 5.3 поени, 2.6 скокови и 1.1 асистенција минатата сезона.
Ова е фактички негово враќање во Кавадарци каде што играше во сезоната 2007/2008 и му помогна на Фени да ја освои двојната круна. Играше уште за Кожув, Вардар, Вардар Осигурување и Карпош Соколи.
Напишете коментар