Дербито во Битола, Чкембари најавуваат навивачка бура

Во рамките од 18 коло во ракометната супер лига во машка конкуренција, дербито на колото се игра во Битола.

Второпласираниот Пелистер во спортската сала ,,Боро Чурлевски”, денес со почеток од 18:30 ч. ја пречекува екипата на раметниот клуб Охрид.

Навивачката група Чкембари веќе неколку дена се мобилизира за оваа утакмица, што за нив и за Пелистер победа би значело чекор поблиску до плеј-оф и зацврствање на втората позиција.

Интересно е тоа што покрај домашните, мобилизација за денешниот натпревар прават и гостинската навивачка група ,,Рибари”.

Tags