Кошаркарскиот прволигаш Куманово го ангажираше 31-годишниот плејмејкер Димитар Караџовски.
Ја стартуваше оваа сезона во редовите на Фени Индустри каде што за 11. натпревари имаше 11.0 поени, 3.5 скокови и 4.4 асистенции.
Минатата сезона ја помина во екипата на Кожув каде што за 28. мечеви во Првата лига имаше просек од 11.1 поени, 2.9 скокови и 4.0 асистенции, а во 16. средби од Балканската лига (БИБЛ) забележа 8.4 поени, 1.8 скок и 2.4 асистенции.
Пред две години ја претставуваше македонската репрезентација на Медитеранските игри во Мерсин (Турција).
Во својата кариера играше уште за исландските Скалагримур и Стјарнан, бугарскиот Рилски, и за МЗТ Скопје Аеродром, битолски Пелистер и Торус Скопје.
Напишете коментар