КК Пелистер со победа против Вардар

Пелистер – Вардар 98:80 (31:17, 20:18, 25:22, 22:23)

Во директниот натпревар за опстанок во првата кошаркарска лига, лутите ривали Пелистер и Вардар во Битола го одиграа натпреварот ,,да се биде или не”.

Во една таква ситуација, пелистерци предводени од Зоран Тодоровиќ уште од самиот старт на натпреварот успеа да се наметнат и да ја превземат контролата во свои раце.

Уште на полувреме екипата на Пелистер имаше висока предност од +15, со што во второто полувреме се влезе помирно, за на крај, крајниот резултат да гласи 98:80 за битолски Пелистер.

Tags