Коби Брајант: „ Србите и неколку други имаат шанса за победа против САД“

Коби Брајант, легендарниот американски кошаркар, смета дека националниот тим на Србија може да ги изненади САД на претстојниот Светски куп во Кина.

Брајант им одговори на навивачите преку Инстаграм преку официјалниот профил на Светското првенство на ФИБА, и некој постави прашење за “Црната Мамба” дали мисли дека Србија може да го победи САД на Светското Првенство.

“Одговорот е ДА – мислам дека Србија може да го победи САД, јас не мислам дека тие се единствените кои имаат шанса да го победат САД. Американци, мора да бидете подготвени, бидејќи е повеќе од очигледно дека тие можат да победат”, рече Брајант.

Светското првенство во Кина се игра од 31 август до 15 септември.

Tags