Нова пролет, нова надеж за фудбалот во Битола

Битола некогаш била спортски центар број 1 и тоа не само на нашите простори и пошироко. Доаѓале екипи како Селта Виго, Ц.Зведа, Сент Гален, Хајдук во фудбалот, Лемго, Металопластика и ред други во ракометот. За разлика од времето кога Пелистер беше спортски поим, а Чкембари пекол за противниците, денес спортот во Битола е на некое далеку пониско ниво од некогаш, но што е тука е. Во оваа колумна ќе се осврниме на случувањата под ,,Тумбе кафе”, односно фудбалскиот клуб Пелистер и стадионот во Битола.

Без сомнение Битола е расадник на талентирани спортисти, се раѓале во Битола многу врвни спортисти, се афирмирале во Битола, започнувале врвни кариери, но тоа што загрижува е тоа што денес битолчани се сведоци на едни тешки времиња кога е во прашање спортот, како во квалитето на екипите така и во инфрастуктурите.

,,Сакаме стадион во Битола”
Гласеше кампањата која пред неколку години битолчани ја организираа една од најдобрите, ако не и најдобра кампања во историјата на спортска Македонија. На многу пролеттни ветувања се сведоци битолчани изминатите неколку години, но секоја од нив на крај завршувала само со пуста надеж. И не беше така одамна кога најпознатите спортски имиња од Македонија, ширум светот дадоа поддршка за таа кампањата за модерен стадион во Битола, но не беа тоа само спортисти, беа тоа и познати наши музичари, актери, глумци, јавни личности, барањата на битолчани беа ширум светот, насекаде можеше да се види, да се слушни, слушна за таа кампањата и аргентинскиот голгетер тогаш член и соиграч на Горан Пандев во Наполи, но еве неколку години потоа, нова пролет пред нас, а битолчани сеуште неможат да се израдуваат на нов модерен стадион. Многу проетки, малце реализација на терен. Ветуваа многу од градски власти, па ФФМ преку свои прокти, нов стадион, трибина, рефлектори и утакмици во вечерен термин, но сето тоа далеку од она што е реалноста, битолчани и оваа пролет ќе се “стегаат” на едната трибина, на која неодамна им се извадија и тие неколку столчина во лоша состојба, кои беа поставени од далечните 2000ти години.

Кога сме кај стадионот и што ќе им е на битолчани модерен стадион без силен, прволигашки и европски фудбал. Познато е дека фудбалскиот клуб Пелистер во изминатите години е “играчка” на големите играчи. Неколку нови сопственици, управи, играчи и лажни ветувања, сите овие изминати години се вртеа на стадионот под Тумбе кафе. Сите тие со многу ветувања, но и препукувања. Многу доаѓаа, но и многу заминуваа. Неодамна Пелистер го освои фудбалскиот куп на Македонија, кога во Струмица по изведување на пенали успеа да се радува над Шкендија и да триумфира во куп финале, првпат по далечната 2000/2001 сезона. Битола се радуваше, но набргу тагуваше. И кога сите помислиа дека Пелистер застанува на здрави нозе по освојувањето на куп титулата, следната сезона Пелистер отпадна во втората по ранг фудбалска лига. Пред нас е нова пролет, но и нови најави за подобри времиња во фудбалскиот клуб Пелистер.Неодамна клубот доби нови сопственици, ги подмири сите заостанати долгови од минатото и најави врајќање на Пелистер во онаму каде што му е местото.

Школата на Пелистер некогаш беше расадник на таленти, но денес…
Оние што го пратат македонскиот фудбал, знаат за што станува збор кога ќе се спомне школата на Пелистер. Какви тоа само имиња излегувале од под ,,Тумбе кафе”, од Стојковски, Мицевски, Ставревски, Главевски, од старата, но и Момировски, Ивановски, Ристевски, Спировски од новата генерација. Тука како да застануваше да чука срцето на фудбалскиот клуб Пелистер, школата не го произведуваше повеќе онај квалитет на кои генерации и генерации уназад сме биле навикнати да го гледаме. Денес школата на Пелистер се наоѓа во најтешките времиња од своето постоење и исто како и сениорите се наоѓаат во втората по ранг младинска фудбалска лига. Не е тоа загуба само за Пелистер и Битола, загуба е тоа и за фудбалска Македонија. Огромни штети претрпува и фудбалската репрезентација на Македонија, кога Битола како еден од најголемите спортски, односно фудбалски центри не им испорачува квалитет. За тоа што школата на Пелистер е на ова ниво вината паѓа токму кај сите претходни неодговорни управи, кои со години наназад, можеби и несвесно со неквалитетна работа и паѓање на школата во втор план, се единствени виновници за тоа што денес поминува школата на фудбалскиот клуб Пелистер, но токму за школата во некоја од нашите многу наредни колумни, кои допрва ќе ги пишуваме за вас.

Tags