Пелистер во инфаркт завршница загуби од Вардар

Лутите ривали Пелистер и Вардар во рамките од 14, а воедно и последно коло во младинската супер лига, денес со почеток од 13:00 ч. во спортската сала ,,Боро Чурлевски” во Битола, одиграа натпревар за паметење.

Од самиот почеток на натпреварот и двете екипи играа гол за гол, со што не се овозможуваше било како одлепување на една од екипите. По првите 30 минути, резултатот на семафорот стоеше 10:10.

Во второто полувреме и двете екипи како да брзаа да стигнат до толку посакуваната победа. Се до послдните три минути од натпреварот, резултат беше нерешен, но во желбата за победа пелистерци изгореа, па така Вардар од Битола заминува со голема победа од 21:18.

Tags