Со оглед на тоа што на првиот натпревар не реализираа најстрога казна, а и во неделата против Хоризонт Турново ударот од белата точка беше „маѓепсан„ за битолчани, ќе мора да поработат на оваа проблематика. Така откако не реализираа шест од последните 12 пенали во двете последни сезони, битолчани ќе мора да потренираат повеќе, бидејќи можеби пеналите ќе им требаат утре попладне против Работнички. Пред шест сезони кога играа во полуфиналето на Купот, двете екипи шутираа казнени удари да се дознае финалистот и тогаш посреќни беа дебармаалци. Овој пат битолчани се решени да се поправат и во реализацијата и во концентрацијата.
Напишете коментар