Прекината низата на Рокетс

14/03/2019 » КОШАРКА

Кошаркарскиот тим на Голден Стејт Вориорс го победи Хјустон Рокетс во неизвесна завршница во Тексас со резултат 104: 106.

Победата на актуелниот шампион ја донеса Стеф Кари од слободни фрлања шест секунди до крајот.

Од другата страна, Џејмс Харден беше испратен на линијата за слободни фрлања, каде што првото го постигна и го промаши второто, но топката ја фати Андре Игудала и на тој начин го означи крајот на натпреварот.

Во победничкиот тим, Клеј Томпсон беше најефикасен со 30 поени (5/10 за три), Демаркус Казнс имаше 27 поени, 8 скокови и 7 асистенции, и Стеф Кари 24 поени и 5 асистенции.

За Рокетс, Џејмс Харден постигна 29 поени и 10 асистенции, Крис Пол имаше 24 поени и 6 скокови, додека Ерик Гордон постигна 17 поени и Клинт Капела со 13 поени и фатени топки.

Tags