Реконструкција на Германската репрезентација, пет досега стандардни играчи не се повикани од страна на Лев

Како што го објави Лев списокот на повикани играчи, не се повикани играчите, Томас Милер, Матс Хумелс и Џером Боатенг од екипата на Баерн Минхен, изненадување е отсуството на Јулијан Дракслер од ПСЖ и Марио Геце од Дортмунд.

На листата се:

Голмани: Мануел Ноер (Баерн Минхен), Марк Андер Тер-Штеген (Барселона), Кевин Трап (Ајнтрахт Франкфурт).

Одбрана: Матијас Гинтер (Борусија Менхенгладбах), Марсел Халстенберг (Лајпциг), Тило Керер (ПСЖ), Лукас Клостерман (Лајпциг), Антонио Рудигер (Челзи), Нико Шулц (Хофенхајм), Никлас Старк (Херта), Никлас Суле (Баерн) Џонатан Тах (Баер Леверкузен).

Среден ред и напад: Јулијан Брант (Баер Леверкузен), Максимилијан Егестејн (Вердер), Серж Гнабри (Баерн), Леон Горецка (Баерн), Илкај Гундоган (Манчестер Сити), Каи Хаверц (Баер Леверкузен), Џошуа Кимих (Баерн), Тони Крос (Реал Мадрид), Марко Ројс (Борусија Дортмунд), Лерој Сане (Манчестер Сити), Тимо Вернер (Лајпциг).

Германија ќе ги пречекаат Србија на 20 март во Волфсбург.

Tags