ВИДЕО: Аплаузи за Чантурија од битолчани, Јошко Петковиќ исвиркан

Во рамките од 16 коло, ракометната супер лига во машка конкуренција, во Битола, Пелистер ја пречека екипата на Струга. После четири години поминати во Битола, Реваз Чантурија по расправијата која ја имаше со доскорашниот тренер Јошко Петковиќ, реши да го напушти Пелистер и да премине во екипата на Струга. Како и што пишувавме претходно уште го се случи немилион настан на натпреваро меѓу Пелистер и Бутел кога дојде до конфликт меѓу Чантурија и Петковиќ, Битола и Чкембари едногласно застанаа во одбрана на својот миленик Резо.

Она што беше евидентно на самиот почеток од натпреварот, кога главниот спикер ги читаше составите на двете екипи, најпрво кога беше прочитано името на Јошко Петковиќ публика го исвирка неговото име, за потоа кога се прочита името на доскорешниот член на Пелистер, Реваз Чантурија битолчани громогласно го поздравија својот миленик.

Tags