Христиан Илиоски ,,Ќе возам со истрошен мотор, без ничија помош и со мои сопствени средства, но …
Објавено на 02/04/2015 | МАКЕДОНСКИ СПОРТ, ОСТАНАТО

Младиот битолски мото ас, Христијан Илиоски се соочува со истите проблеми како и претходните неколку години пред почетокот на новата сезона од Источноевропскиот шампионат која стартува на 4 април во Јаница, Грција. Иако е вицешампион во Источноевропскиот шампионат, Илиоски за ТИП раскажува дека оваа година не е сигурен дека ќе ја вози сам до крај, како што тој вели ќе почнe со стар мотор, без ничија помош и со негови сопствени средста, но …

„Повторно за мене ова е почеток на исчекување. Очекувам од Агенцијата за млади и спорт позитивен одговор за мое достојно претставување. Чекав мото федерацијата на Македонија конечно да се заложи за мене. Јас минатата сезона укажав на моите проблеми и во Агенција за млади и спорт ги прикажав моите резултати донесени за Македонија. Тие резултати за нив беа достојни за почит и секако сега очекувам тие во соработка со мото федерацијата да направат нешто да не се уништи минатогодишниот успех и да се направи нов и дури поголем. Во овој спорт во вакви случаи нашите соседни мото федерации и држави, спортистите на ниво како моето не ги оставаат, туку им помагаат. Сите возат на светско и на европско првенство. Минатата сезона целиот терет го понесов сам, па сега без соодветна помош и техника моето учество е невозможно“, ни раскажува вицешампионот Илиоски.

kiko4

И покрај сите проблемите, тој најави дека ќе вози в недела во Јанина. „Јас одлучив да настапам на првата трка. Ќе почнам да собирам бодови, а ако добијам услови, повторно ќе се наметнам како конкурент за првото место. Не располагам ни со минималните услови, бидејќи од минатата сезона се веќе ми е истрошено, почнувајќи од опремата, па до моторот. Сите мои конкуренти ги немаат моите проблеми, тие не ни застанвуваат сите се спремаат и во зимскиот период, сите се повторно со нова и врвна техника. Но, се решив да учествуваам на оваа прва трка во Јаница, Грција. Ако после тоа имам услови и помош не само што ке возам во И.Ш.Е јас ке гледам да извозам и некој најбиски Европски натпревари со соодветна техника, ќе ми биде полесно и ќе побарам и помош од Општина Битола. Но, ако не се помогне јас ке го возам само во Македонскиот шампионат и повторно ќе се обратам  до сите. Се надевам дека нема да се дозволи тоа да случи и дека на трките од И.Е.Ш во Македонија нашите да ракоплескаат на странци, нив секогаш ќе ги има”, со тага ни завршува Илиоски.

Минатата година тој беше втор во генералниот пласман и тоа по многу спорни околности и бодување. Скоро на сите трки од источно европскиот шампионат беше на пиедесталот и тоа со сопствени средства и неверојатно жртвување.

Тагови