Денеска низ главниот град на Македонија во чаршиските кулари „проструии“ сензационална вест. Доколку се верува на на овие мубети, најдобриот македонски фудбалер на денешнината Горан Пандев е многу блиску до договор со ФК Вардар. Како и да е ваквата вест треба да се прими со огромна резерва зашто нашиот фудбалер има договор со Наполи до јуни 2015 година. Кога го прашавме нашиот извор за потврда или демант на ваквата вест , мудро се насмеа и ни кажа дека наскоро ќе ни ги потврди или демантира ваквите информации.
Во денешниот број на „Македонски спорт“ се вели дека тимот на Монако „го пикира“ сега веќе поранешниот македонски репрезентивец. Ваквата вест ја објавија медиумите во Франција и Италија, но Наполи за неговата слобода бара 7.000.000 евра. Од порано во игра се тимовите на Фиорентина и Тотенхем, а неговото заминување од Неапол е се поизвесно ако се има во предвид дека шанса „добива на парче“ од страна на Шефот на стручниот штаб, Рафа Бенитез. Доколку остане оваа сума како обештетување нема шанси Гоче да се врати во матичната земја.
Напишете коментар