Марјан Илиевски е нов тренер на Сигал Приштина

Македонскиот тренер ќе го води кошаркарскиот косовски клуб Сигал Приштина. Марјан Илиевски доаѓа како замена за Сабин Хаџиќ кој имаше договор до декември од стартот на сезоната.

Последните три сезони Илиевски ја водеше екипата на Лирија во македонската лига. Во 2014. година се пласираше во националниот Куп каде што беше поразен од МЗТ.

Претходно исто така беше во полуфиналето во купот (2012. год.), а во текот на сезоната 2009/2010 беше дел од Вардар со чија екипа дојде до финалето во првенството, но не стигна до трофејот.

Илиевски ќе ја води Сигал Приштина и во Балканската лига (БИБЛ) каде што досега има учинок од четири победи и два порази и се наоѓа моментно на второто место во групата Б зад лидерот Кожув.

Тимот од Кососо се очекува да потпише со уште неколку нови играчи во наредниот период.


Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *