Официјално: Ашковски и Азизи нови играчи на ФК Шкендија

Како што пренесува официјалниот веб сајт на клубот, левиот бек Стефан Ашковски и голманот Енес Азизи се нови фудбалери на македонскиот прволигаш Шкендија.

Тетовската екипа продолжува во овој зимски период да се засилува пред настапот во пролетниот дел од сезоната, односно се пополнува на оние позиции каде што има потреба.

22-годишниот Ашковски доаѓа како позајмица до крајот на сезоната од редовите на белградски Партизан, со опција за продолжување на соработката за уште шест месеци.

Станува збор за еден квалитетен играч, редовен во македонските селекции до 17, 19 и 21. Година, настапуваше за Телеоптик, Доњи Срем и Напредак Крушевац во Србија, а беше и член на норвешкиот Стромгодсет.

Доаѓа како замена за Јани Урдинов кој неодамна си замина и на левата страна на одбраната се наоѓа единствено Џелил Абдула.

Потоа, 20-годишниот голман Азизи (роден во Лозана, Швајцарија) доаѓа како голем талент висок 194 см., се очекува да го покаќе своето знаење и потенција. Потпиша договор за 18. месеци, додека со тимот веќе работи од есента минатата година преку постојани тренинзи и мечеви во Б тимот на Шкендија.

Да потсетиме, клубот претходно ги доведе Бесир Демири и бразилскиот интернационалец Виктор Нилдо Жуфо.


Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *