Утре (четврток) СИТЕ ПРЕД ВОЕНА БОЛНИЦА ВО 17ч.
Картите кои ги добивме како група таму ќе се поделат, задолжително нека дојдат и оние кои успеаа да купат карти “online” или во продажните места, за заедно да направиме едно огромно кортео, река Комити накај сала. Во сала каде и да бидете, дали во копот со Комити или во друг блок, грмиме сите 60 минути за да покажеме дека подготвената стратегија ние да не бидеме компактни и на едно место, нема да направи голема разлика, и ВАРДАР сепак два пати ќе игра во домашна атмосфера!
ЗАПОМНЕТЕ!!!
НАВИВАМЕ ЖЕСТОКО НО ЌЕ БИДЕМЕ ДОСТОИНСТВЕНИ, ОВА Е ЛИГА НА ШАМПИОНИ И НАТПРЕВАРОТ ГО НАДМИНУВА ЕПИТЕТОТ ДЕРБИ, ОВА Е МЕГА ЕВРОПСКО ДЕРБИ, КОЕ ТРЕБА И МОРА ДА ПОМИНЕ ВО НАЈДОБАР РЕД, ВО ЗАЛОГ Е ИНТЕРЕСОТ НА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ, ПА И МОЖЕ ДА СЕ КАЖЕ ДЕКА Е И ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС НА МАКЕДОНИЈА СИТЕ ДА БИДЕМЕ ПРИСЕБНИ И ДА СЕ ВОЗДРЖИМЕ ОД ПРАВЕЊЕ НЕШТО ШТО МОЖЕ ДА ГО НАРУШИ НАШИОТ ИМИЏ, ИМИЏОТ НА МАКЕДОНИЈА ИЛИ ДА НАШТЕТИ НА НАШИОТ КЛУБ ИЛИ СПОРТ ВООПШТО!!!
СИТЕ ВО ЦРНО!!!
Напишете коментар