Ексклузивно- Најдоброто од Македонија

По Филип Ивановски и Предраг Рангеловиќ ги договори условите за „кам-бек“ во „црвено црниот“ вардаров дрес. Со пристигнувањето на овие двајца фудбалери Вардар доби квалитетни засилувања на средината на теренот и во нападот. Но тоа е само „првата карика“ од  создавањето на еден силен и репектабилен состав во европски рамки. Вардар каков што го посакува огромната армија навивачи.

Нашите информации, а тие без лажна скромност многу пати биле точни велат дека „најдоброто од Македонија“ се сели на „Арената Филип Втори“. Станува збор за: Дејан Блажевски, како и младинските репрезентивци Дарко Велковски и Хриситијан Драгарски. Шиле-Блажевски е прогласен за најдобар фудбалер во Македонија во изборот на Фудбалската Федерација на Македонија. Имаше исклучително успешна полусезозна и со 19 погодоци е втор на европската листа на стрелци веднаш зад Роналдо. Дарко Велковски е роден на 21.06.1995 година. Фудбалерот на Работнички одигра два натпревари за селекцијата до 21 година. Неговата вредност на фудбалската берза според траснмаркет е 450.00 евра. Како едно од можните зсилувања се споменува и  Хриситјан Дргарски. Вредноста на фудбалерот на Пелситер е 175.000 евра.

Барем за сега управата на ФК Вардар нема контактирано со репрезентивците Бобан Грнчаров и Ванче Шоков. Бидејки сите имаме извор, во ова прилика и јас ќе се повикам на мојот извор.  Неговите информаци велат дека за сега враќањето на Даниел Георгиевски-фудбалерот на Стеауа би можело да се заборави.

Голманот Роман Березовски, 34 годишниот Игор Семшов , ветаранот Андреј Воронин и суперталенот  Павел Соломатин се дел од имињата поврзани за Вардар. Но засега и тие „се заглавени“ во руската зима и се дел од чаршиските мубети. Како и да е за сега можеме само да „ви шепнеме“ дека големи се шансите овие или некој други руски фудбалери да пристигнат во Скопје. Реално 400.000 евра колку што „горе-доле“ е пазарната вредност на споментиве и не така голема сума за идниот вардаров буџет.

Автор на текстот: Игор Ивановски


Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *