ЕП, КАРАТЕ: ЗАБОРСКИ СО СРЕБРЕН МЕДАЛ, ПЕНДАРОВСКА И РАДИЧЕВСКА “БРОНЗЕНИ“ ВО ЦИРИХ

by

in

Во категоријата до 76. килограми македонскиот натпреварувач на Европското првенство во кадетска и јуниорска конкуренција во карате во Цирих (Швајцарија) дојде до сребрениот медал.

Заборски успеа да го освои второто место зад Италијанецот Антонио Де Стефано, а пред Швеѓанецот Лудвиг Ингемансон и Алехандро Молина Аренкон кои дојдоа до бронзата.

Моника Пендаровски го освои бронзениот медал кај јуниорките (“кумите“) во категоријата до 53 кг., зад Французинката Андреа Брито на првото и Ајла Махмутовиќ од Босна и Херцеговина на второто место.

Да потсетиме кај кадетките во категоријата до 54. кг (“кумите“) Вероника Костовска дојде до златниот медал. Да додадеме уште дека Сара Радичевска дојде до третото место во категоријата до 50 кг. за натпреварувачки до 21. година. Во оваа конкуренција првата позиција ја зазема Софија Будербан (Франција) и втората Гема Озуна Моралес (Шпанија).

Резултатите на останатите наши натпреварувачи:

  • Кадети “кумите“ -57 кг (деветто место, Бојан Димов)
  • Јуниорки “кумите“ -48 кг. (петто место, Христина Ристиќ)
  • Јуниори “кумите“ -55 кг. (деветто место, Шкелќим Рамадани)
  • Јуниори “кумите“ 76 кг. (седмо место, Андреј Ристески)
  • У21 “кумите“ -60 кг. (петто место, Горан Николовски)
  • У21 “кумите“ 84 кг. (петто место, Емануел Ристевски)

Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *