ПЕЛИСТЕРЦИ ВО КАРАНТИН ПРЕД НАЈВАЖНИОТ НАТПРЕВАР ЗА НИВ ОВАА СЕЗОНА, СО РАБОТНИЧКИ 1/8 ФИНАЛЕ КУП НА МАКЕДОНИЈА

Фудбалскиот клуб Пелистер пред себе го имаа можеби најважниот натпревар оваа сезона. Пред нив го имаат реваншот од куп натпреварот на Македонија 1/8 финалето со Работнички, кој ќе се одигра на стадионот ,,Арена Филип II” во Скопје. Она што можеби загрижува кај битолските зелени е тоа што веќе пет натпревари во низа Пелистер нема постигнато гол, но она што е радува е тоа што Пелистер ја има убедливо најдобрата одбрана во ПМФЛ, со само 4 примени погодици. За овај натпревар барем според последните информации нема да има организирано гостински навивачи, но најави има дека битолските ,,Чкембари” на свој трошок ќе отпатуваат во Скопје и ќе го бодрат својот тим до пласман во 1/4 финале. Пелистерци еден ден порано отпатуваа во Скопје, и ноќта пред најважниот натпревар оваа сезона ќе ја поминат сите заедно во хотелот ,,Континентал”.


Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *