ШТИП: БИЛА СПРЕЧЕНА ФИЗИЧКА ПРЕСМЕТКА ПОМЕЃУ ИГРАЧИТЕ НА БРЕГАЛНИЦА И ВАРДАР

Деведесет и шест минути беа потребни нашата Македонска фудбалска гордост Вардар од Скопје да успее во намерата да дојде до три бода против секогаш незгодната Брегалница. Џабе им се коментарите на некои гласила за наводно регуларен гол кога тој е постигнат по официјалните четири минути судиско продолжение.

На оваа режија им кумуваа Судиите на чело со Охриѓанецот Марјан Ецковски кои се најдиректни виновници и дозволија Вардар да дојде до сепак нерегуларна победа. Друг е коментарот за односот на силите на теренот, надмоќноста и шансите на Вардар кои не беа искористени, битен е моментот кога Крај на средбата не беше досуден по истечените 94 минути туку натпреварот беше неправедно продолжен за цели две минути од кој во таа 96 минута падна и решавачкиот гол. Тоа како да беше повод и причина за преголем излив на радост кој премина во дивеење на некои вардарови играчи што доведе до напад врз овластените Полициски службеници. Впрочем еве ја изјавата на Командирот на Полициска станица Штип Дејан Петров: – цитирам (Извор – iris.mk)

,,По завршувањето на фудбалскиот натпревар и повлекувањето на играчите во соблекувалната од страна на играчите на Вардар биле дофрлувани навредливи зборови кон играчите на Брегалница. Во тој момент дошло до обид за меѓусебна физичка пресметка помеѓу играчите на двата клуба.

Веднаш било интервенирано од страна на Полициските службеници при што истите биле спречени во намерата за меѓусебна физичка пресметка. Кога интервенирале Полициските службеници оттргнувајќи ѓи едни од други, играчот на ФК ВАРДАР, – Ф.Д. од позади грб физички го нападна Полицискиот службеник С.Д. удирајки го со тупаница во пределот на вратот, притоа туркајки му ја службената капа на земја.

Во понатамошниот напад бил спречен од останатите полициски службеници . Играчот на Вардар Ф.Д. веднаш е приведен и против истиот е поднесена соодветна кривична пријава. Ова е официјалната потврда за настаните по натпреварот Брегалница – Вардар за која пак во некои медиуми се пласираат произволни информации, невистиини и омаловажување и на играчите на Брегалница па и на фудбалски Штип.

Така едно фудбалско дерби сосема неочекувано ќе добие и свое трето полувреме пред дисциплинските органи на ФФМ а еве Вардарци по нередите на Комитите во Битола повторно имаат насилнички однос кон полицијата овојпат од нивните играчи во кој предничеше највонствениот Ф.Д.


Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *