Тројца странски мускетари“ за група во ЕХФ купот

by

in

Екипата на Р.К.Струмица Зоми Мак М го донесе и петото засилување пред настапите во EHF купот. Прв пат во историјата за една наша екипа ќе настапи кубански ракометар Станува збор за искусниот Luis Enrique Yant. Искусниот 38 годишен десен бек е поранешен репрезентативец на неговата земја. Како интернационалец има играно и за екипите на: Иври (Франција), Геата (Италија), Спортинг Лисабон (португалија). Мината сезона беше дел од екипата на Кантабрија Сантандер (Шпанија). Неговото деби се очекува на натреварот со Макаби Тел Авив следната забота во Изрел.
Кубанецот не е единственото странско засилување во редовите на струмичани. Французинот Даниел Ривет кој ќе биде новиот организатор на играта на струмичани, додека Ходор Нахас од Либија кој игра на позиција десен бек.
Нови имиња во состваот се уште македонските ракометари: левиот бек Александар Ангеловски кој изминатата сезона беше најдобриот играч на битолски Пелистер, додека на позицијата лев бек Зоми Мак М ангажираше уште еден играч. Станува збор за Јовица Младеновски кој во изминатата сезона беше најефикасен стрелец на Р.К.Тинекс Пролет. Екипата ја напушти само Пецаковски-од оваа сеозна ќе игра во РК Металург.


Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *