Лоши вести за тренерот Драган Бочевски пред најважниот натпревар за Пелистер во оваа бурна сезона. Поради пет жолти картони надвор од ростерот ќе бидат Мартин Ковачев и Ѓорги Мојсов, а Љубомир Љубенов поради продолжување на работната виза најверојатно и тој ќе го пропушти натрепварот со Еуромилк. Добро вести се тоа што се враќа Илир Елмазовски, а шасна од првата минута се очекува да добијат Александар Анастасов и Тони Магловски.
Напишете коментар